Исплива објава на Влаховиќ против Јуве, дел од фановите жестоко му се налутија

Новото скапо засилување на Јувентус, Душан Влаховиќ, нема да има мир по потпишувањето за Старата дама. Откако му се налутија фановите на Фиорентина, сега Влаховиќ добива критики и од навивачи на Јуве.

Во јавноста исплива една стара објава на Влаховиќ од пред четири ипол години, во која тој ја слави победата на Реал Мадрид против Јувентус од 4-1, во финалето на Лигата на шампионите.

Влаховиќ објавил слика од Кристијано Роналдо како го прославува голот против Јуве, и напишал: „Да, да, ти. Да живее Кралот“.

Оваа објава од времето кога Влаховиќ уште беше во Партизан, остана во нечија архива, и сега дојде време да ја сподели со светот. Тогаш веројатно Влаховиќ не ни помислуваше дека четири ипол години подоцна ќе стане член на Јуве и ќе го носи дресот со брјот 7, кој пред него го имаше токму неговиот идол Роналдо.

Според бројот на негативни коментари од фанови на Јуве, Влаховиќ ќе треба да бара прошка и да ја заработи нивната љубов со многу голови.

- Оглас -

Најнови вести