Доаѓањето на Ралф Гангник во Манчестер јунајтед беше дочекан со големо отпоздравување од страна на навивачите на овој тим.
Но, тимот под водство на Германецот се мачи во почетокот, а доказ за тоа е и нерешениот резултат, но и, пред сè, слабата игра против Њукасл.
Медиумите во Англија велат дека играчите не се задоволни од тренинзите на Ралф, односно дека тие биле пренапорни. Германецот барал навистина голема дисциплина на тренинзите, а голем дел од фудбалерите останувале до вечерните часови на тренинг.
Моралот во екипата е на многу ниско ниво, а дали Рангник ќе успее во својата мисија да го врати Манчестер јунајтед на шампионските патеки, ќе покаже времето.