Исполнети очекувања: Македонија убедливо го победи Лихтенштајн (Видео)

Победнички старт на Македонија во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година, откако на гостувањето во Вадуц со 3:0 го победивме Лихтенштајн. Веќе во вторник во Скопје го играме и вториот меч од квалификациите, против селекцијата на Велс.

Уште пред мечот беше јасно дека избраниците на селкеторот Благоја Милевски се големи фаворити против една од најслабите селекции во светот според ФИФА ранг листата, но тоа што е на хартија, овојпат беше потврдено и на теренот.

Од самиот почеток Македонија тргна офанзивно и тоа резултираше со погодокот на Александар Трајковски во седмата минута. Миовски центрираше, а Трајковски немаше проблем да погоди во празната мрежа.

До крајот на првиот дел, предноста беше удвоена. Беше изведен корнер, Алими ја префрли топката кон Муслиу, а овој со волеј удар од близина биеше неодбранливо, па на полувреме Македонија водеше со 2:0.

Во вториот дел речиси ништо не се промени. Македонија напаѓаше, а тоа се исплатеше затоа што во 84 минута Миовски погоди за 3:0. Илиевски центрираше, а Миовски во голгетерски стил погоди за потврда на убедливата победа на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести