Ист судија два пати по ред доцни на меч

Мауро Вирџијано е еден од најпознатите судии во Аргентина. Тој веќе неколку години е со знакот на ФИФА и беше дел од арбитрите кои ја делеа правдата на Светското првенство во Русија пред две години, како и на јужноамериканското континентално натпреварување Копа Америка.

Докажаниот судија ја делеше правдата на мечот Хуракан Алдосиви, на кој на крајот се радуваа гостите со 2:0. Средбата имаше неочекувано задоцнување од пет минути и тоа поради судиајта Мауро. Сите учесници на мечот се најдоа на теренот, кога арбитарот сфати дека го заборавил свирчето во соблекувалната.

За Вирџијано ова беше второ задоцнување за почеток на меч во само неколку дена. Претходно тој ја делеше правдата на мечот Бока јуниорс – Атлетико Тукуман, а мечот започна со 10 минути задоцнување откако судијата задоцни, па сите на теренот го чекаа да се појави.

 

- Оглас -

Најнови вести