Иста е квотата за Франција дека ќе биде светски првак и дека ќе испадне уште во групната фаза!

Доколку одлучите денеска да се обложите на Франција за претстојното Светско првенство во фудбал, има реални шанси во Sport Life да добиете квота од 7.00.

Ваква квота има и за Франција дека ќе биде светски првак и дека Франција ќе биде поразена во финале, но и дека Триколорите ќе испаднат уште во групната фаза.

Французите имаат моќен состав, особено им се силни нападот и одбраната и се во прв ред фаворити за светската титула на Мундијалот во Катар. Но, Галските петли против себе ќе ја имаат традицијата.

Точно 60 години не се случило некоја селекција двапати по ред да биде светски првак, а Франција, која беше шампион во 1998 година, на наредното СП во 2002, кое исто се играше во Азија како годинава, шокантно испадна во групите.

На последните три светски првенства, во 2010, 2014 и 2018, тимот кој ја бранеше титулата, испаѓаше уште во првата фаза.

- Оглас -

Најнови вести