1710 ПСЖ – Лион (20:45 ч.)
Пари Сен Жермен го загуби последниот меч на домашен терен во првенството (0:2 од Рен), па фановите на Светците сигурно нема да сакаат да видат уште едно разочараување.
Лион има само еден пораз во последните 12 меча во првенството и Купот, па сигурно гостите ќе се обидат да дадат достоен отпор. ПСЖ го има најдобриот напад во лигата и сигурно ќе биде дуел на кој ќе има голови.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.79)
3007 Рома – Сампдорија (18 ч.)
Рома претрпе три порази во последните четири кола и сега е во опасност да испадне од позицијата која води излез во Европа, па едноставно не смее да си дозволи да кискира денеска.
Сампдорија е „печена“ за испаѓање и е тимот со најмногу порази, дури 18 пати загуби. Интересна е статистиката на меѓусебните дуели која вели дека последните пет меча секогаш завршувале со 0-2 гола. Дури и ако се гледаат последните 11 меѓусебни средби на овие два тима, дури девет пати било со максимум два погодоци.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.30)
1809 Вердер – Хофенхајм (17:30 ч.)
Екипи кои многу ретко играат нерешено и по 25 кола имаат само по четири нерешени средби, што е најава дека играат фајтерски и без калкулации. Хофенхајм имаше седум порази по ред, за да успее таа лоша низа да ја прекине со победа над Херта.
Вердер има само една радост во последните шест кола, што значи дека не е во добра форма, но овојпат домашниот терен може да одигра важна улога.
Предлог тип: 1Х&0-3 (2.06)
1663 Ројал Унион – Сент Труден (19:15 ч.)
Ројал Унион е во трка за титулата во белгиското првенство додека Сент Труден е сигурен на средината од табелата и без многу притисок, што може да биде предност за гостите.
Во просек, Ројал Унион постигнува по два гола на меч, но има и нестабилна одбрана, па може да се очекуваат погодоци на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (2.60)
1616 Фенербахче – Бешикташ (19:30 ч.)
Дуел на истанбуслките гиганти кои заедно имаат освоено 49 титули во турското првенство. Фенербахче дома игра одлично и победи на девет од 12 меча со одлична гол разлика од 35 дадени и само 15 примени гола.
За тоа колку се неизвесни овие дуели покажуваат последните четири меѓусебни средби кои завршиле без победник. Фенербахче чека победа над градскиот ривал од декември 2019 година, а сега пред своите фанови ќе се обидат таа низа без триумф да ја прекинат.