Истанбул ќе „гори“, Манчестер ќе се врати со три бода од гостувањето

Ватфорд – Манчестер јунајтед (15 ч.)

Меч како порачан за Црвените ѓаволи. Гостуваат кај најслабиот тим во лигата и сѐ освен победа ќе биде изненадување. Ватфорд е единствена екипа која нема победа на свој терен, во осум меча даде само четири гола и освои исто толку бодови пред своите фанови.

И традицијата вели дека Манчестер јунајтед победува на последните пет меѓусебни средби, па треба да очекуваме дека Ватфорд ќе претрпе нов неуспех.

Предлог тип: 2 (1.80)

 

Реал Мадрид – Атлетик Билбао (21 ч.)

Домаќините треба да освојат три бода за да ја завршат 2019 година рамо до рамо со Барселона на чело на табелата во Примера. Кралевите ќе бидат без повредените Азар и Марсело, а ќе фали и суспендираниот Касемиро, но сепак се фаворити за триумф.

И гостите имат проблеми со повредени играчи, а фактот дека сезонава играат лошо на туѓ терен, ги става во апсолутно подредена ситуација. Реал има пет победи и три реми на последните осум средби, а интересно е што дури шест резултати биле со меѓу 2-3 гола, па затоа ќе ја следиме традицијата.

Предлог тип: 1&2-3 (2.85)

 

Бетис – Атлетико Мадрид (16 ч.)

Секогаш е незгодно да се гостува кај Бетис, а тоа го потврдува и фактот дека тимот од Андалузија сезонава на свој терен има пет победи, две реми и само два порази. Атлетико е тим специјализиран за одбрана посебно кога игра на гости, па не чуди што Јорганџиите сезонава на туѓ терен имаат гол разлика 6:5 на осум дуели.

На последните шест меѓусебни средби, дури на пет немало повеќе од еден гол, а еднаш паднале два погодоци, што јасно покажува во која насока треба да се движи и денешната пресметка.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.18)

 

Фенербахче – Бешикташ (17 ч.)

Во Истанбул ќе „гори“. Се игра големото градско дерби. Во овие мечеви домашниот терен многу пати одлучува, а Фенер сезонава победи пет пати од седум средби пред своите навивачи. За Бешикташ дербито доаѓа во лош момент, бидејќи нареди три порази по ред, но сепак ова е посебна инспирација.

На пет од последните шест меча имало по три или повеќе голови, што значи дека се очекува фајтерска игра со многу возбудувања.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.77)

 

Парма – Бреша (15 ч.)

Ремито не е опција на овој меч, ако се знае дека се работи за дуел за двете екипи кои сезонава во Серија А имаат најмалку реми. Парма дома во осум средби ниеднаш не одигра мирољубиво, а истото се однесува и за Бреша, која на гости има три победи и пет порази.

И на меѓусебните пет средби секогаш имало победник, а најчесто тоа е меч со малку погодоци. Парма сезонава ги победи Наполи на гости и Рома на свој терен, а ремизираше и против Интер во Милано, што доволно кажува дека е квалитетен тим.

Предлог тип: 1 (2.15)

Во понудата на Sport Life во квоти на денот за денеска ги имате:

Тотенхем – Челзи 1+I&2+II (2.50)

Сасуоло – Наполи Х2&3+ (2.00)

Реал Мадрид – Атлетик Билбао Т1 2+&ГГ (2.65)

 

- Оглас -

Најнови вести