Истата комбинација на четири петочни мечеви му донесе речиси 100.000 денари (Фото)

Петокот се смета како ден за „загревање“ пред викенд возбудувањата, но еден обложувач од Железара успеа одлично да заработи. Одигран е тикет на кој има само четири натпревари и интересно е дека сите четири се одиграни по иста комбинација и сите се погодени.

Тактиката било гостинските екипи да водат на полувреме и на крајот да победат, во мечеви на кои ќе има најмалку два погодоци. Во една таква игра, погодени се квоти кои се вреднуваа од 3.80 до 14.5.

Во Франција, Реимс на полувреме водеше со 1:0 на гостувањето кај Ленс, а во 88 минута гостите постигнаа и втор погодок за конечни 0:2.

Удинезе немаше сили да се спротистави на Милан и загуби убедливо со 0:4, а гостите на полувремето имаа предност од 2:0.

Во Унгарија, Пакси како гостин со 2:1 го победи МТК. Гостите на полувреме водеа со 0:1, потоа МТК израмни, но само две минути подоцна Пакси постигна и втор погодок за триумф.

Во Бундеслигата, Лајпциг со 3:2 победи на гостувањето кај Волфсбург. Лајпциг на полувреме водеше со 2:0, потоа беше и 3:0 за фаворитот, а до крајот на средбата Волфсбург постигна два гола за 2:3.

Тикетот е уплатен со само 100 денари, а нето добивката е 99.141 денари. Погоден е вкупен коефициент од 1.166, што е вистинска мајсторија ако се знае дека се одиграни само четири средби.

- Оглас -

Најнови вести