Истече клаузулата според која Барселона можеше да го откупи Маркус Рашфорд?

Клаузулата која Барселона можеше да ја искористи за откуп на правата на Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед за 30 милиони евра истече. Според извори на „Кадена сер“, оваа опција важеше до 31 март, што значи дека иднината на играчот веќе не е под контрола на каталонскиот клуб. Сепак, „Спорт“ тврди дека претставници на Рашфорд ја негирале оваа информација.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, истакна дека клубот ќе преговара со Манчестер јунајтед за пофлексибилни услови, кои би овозможиле Рашфорд да остане под водство на Ханси Флик уште една сезона.

Се тврди дека Барселона сака да ја продолжи позајмицата на англискиот репрезентативец за уште една сезона, но британските медиуми наведуваат дека Црвените ѓаволи го одбиле ова сценарио и преферираат играчот да се врати на „Олд Трафорд“, со надеж дека по успешниот период во Барселона ќе можат да го продадат за повисока сума ова лето.

Во меѓувреме, Милан и Пари Сен Жермен продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата околу Рашфорд.

- Оглас -

Најнови вести