Истече суспензијата на Синер, ќе атакува на титулата во Рим

На италијанскиот тенисер Јаник Синер, кој е прворангиран на светската ранг-листа, му истече тримесечната суспензија, која му беше изречена поради употреба на анаболни стероиди.

Првиот турнир на којшто ќе игра Синер по суспензијата ќе биде Мастерсот во Рим, кој трае од 7 до 18 мај. Синер нема играно натпревар уште од 26 јануари, кога ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Австралија.

„Ми недостигаат натпреварите, не е исто да играш и само да тренираше. Многу сум среќен што конечно заврши овој период. Продолжувам напред“, изјави Синер.

Суспензијата од три месеци на Синер ја критикуваа речиси сите, имаше и обвинувања за нерамноправен третман. Ставот и на неговите тениски ривали беше дека ако е невин, воопшто не треба да биде суспендира, а доколку зел допинг, суспензијата требаше да биде најмалку две години.

И покрај забраната да игра во период од три месеци, Синер успеа да го задржи првото место на АТП-листата, има 1.700 поени повеќе од Германецот Александар Зверев, кој е втор. Зверев ја брани титулата во Рим, а во полуфиналето може да се сретне со Карлос Алкарас.

- Оглас -

Најнови вести