Историја: 14-годишно момче заигра во шпанската лига, првиот кош му беше забивање (Видео)

Басала Багајоко денеска влезе во историјата на шпанската кошаркарска лига бидејќи го урна рекордот на Рики Рубио како најмлад дебитант во лигата. Багајоко има само 14 години и 227 дена, играч е на Фуенлабрада, а дебито го имаше против Реал Мадрид. Талентот на Фуенлабрада брзо по влегувањето во игра го даде и својот прв кош во сенирска конкуренција, и тоа забивање.

Досега најмлад дебитант во Шпанија беше Рубио, кој заигра на возраст од 14 години и 359 дена.

- Оглас -

Најнови вести