Историја – Американците за првпат не се број 1 кошаркарска нација

Актуелниот светски и европски првак во кошарка, репрезентацијата на Шпанија испиша историја и е првата селекција што ги симна Американците од врвот.

Репрезентацијата на САД која се смета за најкошарарска на светот, за првпат од 2010 година кога се прави рангирање на ФИБА не е на првото место, а ги детронизира Шпанија.

Црвената фурија заслужено е на првото место со 758.6 поени, пред САД со 757.5.

Разликата е мала, но е многу значајна и за првпат Американците не се владетели на ранкинг-листата, откако ФИБА во 2010 година почна да ја објавува.

На третото место е Австралија, а потоа следат Аргентина, Франција, Србија, Словенија, Литванија, Грција и Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести