Историја: Аргентина вечерва против Уругвај го игра својот 1.000-ти натпревар!

Аргетинската репрезентација во 2 часот по полноќ ќе се сретне со стариот ривал Уругвај во рамките на второто коло на Копа Америка, а за Аргентинците ова ќе биде јубилеен 1.000-ти меч во нивната репрезентативна историја. Дуелот на селекциите предводени од Лионел Меси и Луис Суарес, ќе се игра во Бразилија.

Гаучосите првпат одиграа официјален меч во 1902 година, истотака против Уругвај. Аргентина е двократен светски првак, едната титула ја освоија на домашен терен во 1978 година, а за време на тој Мундијал, Аргентина го одигра својот 500-ти меч.

- Оглас -

Најнови вести