22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Историја: Атлетико е прв тим кој стигнал до четвртфинале, а не добил ниту еден домашен меч

Атлетико Мадрид со триумфот во Манчестер испиша историја, и тоа двојна. Екипата на тренерот Диего Симеоне стана прва во историјата на Лигата на шампионите која стигнала до четвртфинале во ова натпреварување без добиен меч на свој терен.

Во групната фаза, Атлетико дома одигра нерешено со Порто, а загуби од Милан и Ливерпул. Сега, во осминафиналето, Атлетико во Мадрид играше нерешено со Манчестер, па без домашна победа направи подвиг и стигна меѓу осумте најдобри во Европа за оваа сезона.

Освен тоа, Атлетико е првиот клуб кој успеал во ЛШ да елиминира три англиски клубови кои биле европски прваци. Жртви на Јорганџиите биле Челзи во 2014, Ливерпул во 2012 и годинава Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести