Перес Џепчирчир од Кенија е нова светска рекордерка во маратон во женска конкуренција, откако 42-километарскиот маратон во Лондон го истрча за 2 часа, 16 минути и 16 секунди, што е најбрзо време во историјата за една жена.
Денешната маратонска трка во Лондон беше историска и ќе се памети.
И маратонките кои низ целта минаа како втора (Асефа од Етиопија), трета (Џепкосгеи од Кенија) и четврта (Алему од Етиопија), имаа време подобро од светскиот рекорд кој важеше до утрово, а беше поставен во 2017 година истотака во Лондон.
Четвртопласираната имаше само 18 секунди послабо време од победничката Џепчирчир. Првите десет места ги освоија маратонки од Кенија и Етиопија, кои очигледно ќе видат голема битка и на Олимписките игри во Париз летово.
Кај мажите, триумфираше Александер Мутисо Мунјао од Кенија со време од 2 часа, 4 минути и 1 секунда, а втор беше легендата Кенениса Бекеле од Етиопија со 2.04:15.
Olympic Champion ✅
London Marathon Champion ✅Amazing run from Peres Jepchirchir!#LondonMarathon pic.twitter.com/TgjLWRwAFv
— TCS London Marathon (@LondonMarathon) April 21, 2024