Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер направи огромен успех и на 14-ти и 15-ти јуни во Келн ќе игра на фајнал-форот во ракометната Лига на шампиони за млади до 18 години.
Битолчани на турнирот во Букурешт, најпрвин во полуфиналето го совладаа Кјелце со 37-29, а вечерва испишаа историја откако го совладаа домаќинот Динамо со 37-32. Најдобар поединец кај пелистерци беше Босанецот Алем Хаџиќ кој постигна 12 голови, а блескаше и во полуфиналето кога даде дури 14 голови.
Покрај Е. Пелистер, на финалниот турнир ќе учествуваат уште Барселона, Веспрем и ГОГ Гудме.