ИСТОРИЈА: Георгиевски ќе се бори за прв златен медал за Македонија!

Дејан Георгиевски запиша историски пласман во финалето во таеквондо категоријата за над 80 килограми со победата од 12-6 против јужнокорејскиот таеквондист Кјо Дон Ин во првото полуфинале.

Најмалку сребро ќе освои Георгиевски во завршната борба против Русинот Владислав Ларин.

Со еден успешен удар со рака, Кореецот поведе со 1-0 во првата рунда, но Дејан влезе доста поофанзивно во втората рунда и врза три поени за водство, кое набрзо потоа го зголеми на 5-1 со ударите со нога. Ин намали на 5-3 во финишот на рундата за да најави неизвесна решавачка трета рунда.

Користејќи ја височината, Георгиевски со два удари со нога зголеми на 10-4, водство кое беше недостижно за фаворизираниот Кореец во завршните 30 секунди.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести