Француската судијка Стефани Фрапар продолжува да испишува историја, овојпат во Лигата на Европа. Таа вечерва ќе биде главна судијка на мечот од групната фаза помеѓу англискиот Лестер и украинската Зорја Луганск.
На Фрапар вечерва ќе ѝ помагаат Сирил Муние и Бенжамен Паг.
Минатата година Фрапар стана прва жена која судеше едно европско финале во машка конкуренција, делеше правда на Суперкупот помеѓу Ливерпул и Челзи. Таа е првата жена која има судено и двобој од француската Лига 1.