Луис Хамилтон од Мерцедес по 100-ти пат ја освои пол-позицијата во Формула 1, и на утрешната трка на шпанското гран-при на патеката Каталуња крај Барселона, ќе тргне од најдоброто место. Втор на вечната листа е Михаел Шумахер со 68, а Аиртон Сена е трети со 65 пол-позиции во кариерата.
Хамилтон имаше за само 36 илјадитинки подобро време од Макс Ферстапен од Ред Бул кој ќе стартува како втор, а од вториот ред ќе тргнат Валтери Ботас и Шарл Леклер.