Историја во Италија – Милан и Интер за првпат ќе бидат гости во исто коло

Милан и Интер ќе мора да играат во ист викенд на гостински терен што е за првпат во богатата историја на двете екипи, поточно откако е изграден стадионот во Милано, познат како Сан Сиро кога домаќини се Росонерите, односно како Џузепе Меаца, кога Нероаѕурите ги чекаат своите ривали.

Историскиот прв викенд на кој ниту Милан, ниту Интер нема да играат на Градскиот стадион во Милано е поради финалниот турнир во А сегментот на Лигата на Нации што ќе се игра од 6. до 10. октомври, па за тој настан се чува Сан Сиро, односно Џузепе Меаца.

Интер денеска од 20.45 часот ќе му биде гостин на Сасуоло на „Чита дел Триколори“ во Реџо Емилија, а Милан утре во истиот термин ќе и биде гостин на Аталанта во еден од дерби дуелите во седмото коло во Серија А.

 

 

- Оглас -

Најнови вести