Историја во Лигата на шампионите – Актуелниот светски првак конечно има тим што победи во Португалија (Фото)

Франција конечно има тим што успеа да победи на гостување во Португалија, на меч од Лигата на шампионите, по црна серија од 19 натпревари без триумф.

Тоа вчера му успеа на Олимпик Марсеј, поранешен европски првак, кој го победи Спортинг во Лисабон со 2:0 и конечно ја прекина неверојатната низа на француските клубови од 19 меча без комплетен успех на гостувањата кај португалските екипи.

Билансот до вчера беше 15 порази и само четири ремија без ниту една победа на екипите од земјата на актуелниот светски првак кога играат против Португалци на гостински терен.

Марсеј победи лесно на „Жозе Алваладе“ во Лисабон со 2:0, со головите на Гендузи од пенал во 20-тата минута и на Алексис Санчес 10 минути подоцна, а домаќините по 19 минути игра останаа без исклучениот Езгајо, а потоа по еден час игра црвен картон доби и Педро Гонкалвеш.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести