Манчестер сити и Тотенхем играат меч за историја во Лигата на шампионите, а по 11 минути игра, веќе е 2-2 во реваншот од четвртфиналето.
За 11 минути досега на ниту еден меч во елитното натпреварување не биле постигнати 4 погодоци, а тоа се случува вечерва во Манчестер.
Поведоа домаќините во четвртата минута со голот на Стерлинг, а потоа на сцена стапи Сон со два гола за Тотенхем, во седмата и во 10-тата минута.
https://www.dailymotion.com/video/x760445?fbclid=IwAR3t6HtdU8ymO8UCNVVlgWe3hHu40izf5KFQLQM0EE4-VXStuURzWz80q8I
Во следниот напад Бернардо Силва израмни на 2-2.
Првиот меч заврши со победа на Тотенхем од 1-0, па сега на Манчестер сити му треба триумф од два гола за пласман во полуфиналето.
https://www.dailymotion.com/video/x7604ar?fbclid=IwAR2SFwZhilMk2oahkiTzRLxb7OTFLq49lbuZJV3zD0GPA3p-kYxbclbQfSM