Маркос Алонсо јуниор вечерва не играше за Челзи во финалето во Лигата на шампионите, остана на клупата за резерви, но може да биде горд и на себе и на својот дедо со исто име и презиме, кој е петкратен европски првак со Реал Мадрид.
За жал дедото Маркос Алонсо Имас почина во 2012 година и не дочека да го поздрави успехот на својот внук. Вечерва Марко Алонсо јуниор успеа да му помогне на својот дедо, популарниот Маркитос да бидат првиот тандем дедо и внук што станале европски прваци.
Заедно имаат шест европски круни и од вечерва се запишеани во богатата историја на КЕШ, или на ЛШ, како единствен ваков тандем со фантастичен подвиг.
Маркитос, или Маркос Алонсо сениор беше европски првак со Реал Мадрид петпати и тоа во сезоните 1954/55, 1956/57, 1957/58, 1960/61 и во 1961/62.