Америкаснката тенисерка Даниел Колинс е изненадувачка победничка на мастерс турнирот во Мајами, откако во финалето беше подобра од Елена Рибакина од Казахстан со 7:5, 6:3.
Колинс е на 53. место на ВТА листата и со овој триумф стана најслаборангираната тенисерка која некогаш се радувала на мастерсот во Мајами. Во финалето, 30-годишната Американка беше подобра во борбата која траеше повеќе од два часа.
Во првиот сет, двете теисерки беа сигурни на свој сервис и така беше се до 12 гем, кога Колинс успеа да направи брејк и го доби првиот сет со 7:5. Во вториот сет Колинс започна со 2:0 во гемови, но Рибакина веднаш го возбрати брејкот и стигна до 2:2. потоа двете тенисерки ги добија своите сервиси, за да при 4:3, Колинс уште еднаш успеа да биде подобра на сервис на противничката и тоа се покажа како клучен момент за да го добие и овој сет со 6:3.
https://twitter.com/i/status/1774183670301220882
За Колинс ова е трет ВТА трофеј во кариерата, а прв по 2021 година. Од утре оваа тенисерка ќе напредува на ВТА листата и ќе биде на 22 место. Рибакина остана на седум титули, а ова беше втора година по ред да губи во финалето на мастерсот во Мајами.
Вечерва се игра машкото финале во кое ќе се сретнат Јаник Синер и Григор Димитров.