Историја во Мото ГП: победи Маркез, ама не Марк!

Алекс Маркез победи на денешната трка во Херез, Шпанија, и со тоа се испиша историја во Мото ГП, бидејќи првпат има двајца браќа кои победиле во оваа конкуренција.

Алекс е брат на Марк Маркез со кој годинава се борат за титулата. Денешната победа на Алекс му донесе предност во генералниот пласман пред брат му кој имаше пад и заврши како 12-ти на денешната трка.

Ова е прва победа за Алекс Маркез од 2019 година кога уште возеше во Мото 2.

- Оглас -

Најнови вести