Кошаркарите на Оклахома се новите шампиони во НБА-лигата откако славеа на седмиот меч од финалната серија против Индијана со 103-91. За Громовите ова е првата титула во клупската историја, до која дојдоа многу потешко од очекуваното, со победа во мајсторката.
Гостите од Индијана имаа водство само во првата половина на првата четвртина, на моменти и со пет поени разлика, но следуваше пресврт и Оклахома со водство од 25-22 замина на првата мини пауза. Во вториот период двете екипи се менуваа во водство, па на полувремето Индијата имаше предност од 47-48.
Сепак, Индијана без повредениот Халибурн немаше сили за победа во мајсторката бидејќи тој мораше да го напушти паркетот уште во првата четвртина поради повреда, а до тој момент имаше ефект од три погодени тројки од четири обиди.
Оклахома ја презеде резултатската предност во третата четвртина и не ја испушти до крај. Во пресрет на последниот период, домашните имаа водство од 81-68, што успешно ја бранеа во финишот и на крајот заслужено се радуваа на трофејот.