Историја во НБА – тројца браќа заедно на терен (Видео)

На натпреварот помеѓу Њу Орлеанс пеликанс и Индијана пејсерс, испишана е нова страница во историјата на НБА лигата. За првпат се случи тројца кошаркари кои се браќа, заедно да настапат на еден меч.

Арон Холидеј кој е најмлад со 23 години, беше стартер кај Пејсерс, брат му Џру Холидеј (29) беше во првата петорка на Пеликанс, а после 7,46 минути, на терен се појави и 30-годишниот Џастин кој влезе од клупата за резерви кај Индијана. Во третата четвртина сите тројца браќа истовремено беа на паркетот.

- Оглас -

Најнови вести