-7.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Историја во Париз: ПСЖ првпат загуби од градскиот ривал! (Видео)

Новиот француски прволигаш, Париз, направи првокласна сензација и успеа да госовлада градскиот ривал ПСЖ со 0-1 на гости, во меч од 1/16-финалето на францускиот Куп.

Единствениот гол на мечот беше дело на Џонатан Иконе во 74-тата минута, но што е позначајно е фактот дека ова е првата победа на Париз над ПСЖ во историјата.

Градските ривали до вечерва имаа одиграно само три првенствени дуели и еден пријателски, а „светците“ двапати се радувале на победите, додека две средби завршиле нерешено.

ПСЖ минатата сезона ги освои сите можни трофеи во Франција, но оваа сезона уште во јануари останаа без еден од нив, оној од Купот.

- Оглас -

Најнови вести