Историја за ѕвезденото трио на Бруклин нетс, Дончиќ не памети ваков лош меч

Бруклин нетс немаше проблеми со Бостон селтикс, победи убедливо со 141:126 во меч за НБА историја. За првпат во плејоф-натпревар тројца кошаркари од ист тим постигнаа 104 поени, што е рекорд, а го остварија заедно Дурант, Ирвинг и Харден.

Кевин Дурант беше незадржлив со 42 поени, веднаш до него беше и Кајри Ирвинг со 39 поени и 11 скока, а Харден уфрли 23, но имаше и неверојатни 18 асистенции.

Вкупниот збир на поени на трилингот големи ѕвезди е 104, или најмногу досега во плејоф-натпревар во НБА-лигата.

Кај Бостон, Џејсон Тејтум се обиде да им се спротивстави на расположените гости, но и неговите 40 поени беа малку за успех, па Бруклин поведе со 3:1 и има меч-топка на домашен терен.

Две сет топки пропуштија кошаркарите на Далас против Лос Анџелес клиперс, па сега резултатот е 2:2 во интересната плејоф-серија.

Клиперс губеа со 0:2 по двата порази на домашен терен, но ноќеска по вторпат славеа како гости и израмнија.

Предводени од дуото Ленард и Џорџ, кои искомбинираа 49 поени, но и 19 скока, Клиперс славеа со 106:81.

Лука Дончиќ играше повреден за Далас и запиша црн личен рекорд без погодено слободно фрлање од пет обиди.

Тоа досега не му се случило, а имаше и само една тројка од 7 обиди со вкупно уфрлени 19 поени.

Словенецот беше очигледно фрустриран од добрата одбрана на ривалот, но и од повредата, па реагираше нервозно.

Лос Анџелес клиперс сега повторно ја врати предноста да игра меч повеќе на домашен терен во плејоф-серијата со Далас.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести