Историја за Гватемала: Го освоија само вториот олимписки медал во 200-годишната историја на земјата

Натпреварувачот во стрелаштво, Жан-Пјер Брол Карденас, ѝ го донесе само вториот олимписки медал во 200-годишната историја на Гватемала. Тој заврши како третопласиран во дисциплината трап, односно замка, откако успеа да погоди 35 објекти.

Гватемала дури 12 години чекаше за нов медал на Олимпијадите, откако во 2012-тата во Лондон сребрен медал освои Ерик Барондо на трката на 20 километри брзо одење.

https://twitter.com/Olympics/status/1818294651960361122?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1818294651960361122%7Ctwgr%5E90230805bd7886fcd0cd70abc4d8edc3a4c31cd0%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.tvarenasport.com%2Floi-pariz-2024%2Fsve-vesti-sa-loi%2F30808%2Fkardenas-osvojio-drugu-medalju-ikada-za-gvatemalu%2Fnews

- Оглас -

Најнови вести