Европската ракометна федерација ги објави судиите што ќе делат правда на Европското првенство кое во јануари 2026 ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка, а на листата има два пара македонски судии, што е историски момент за македонскиот ракомет.
Номинирани се незаобиколните Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, кои се најдобриот судиски тандем во светот, а Македонија ќе ја претставуваат и Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, а кои ќе биде деби на големите натпреварувања во сениорска конкуренција.
На ЕП ќе судат 18 двојки, а само Шпанија и Македонија имаат по два пара.
Инаку на ЕП 2026 нашата репрезентација во првата фаза ќе игра во данскиот Хернинг, против домаќинот Данска, Португалија и Романија.