Фудбалерките на Манчестер јунајтед денеска имаа чест за првпат да играат како домашен тим на „Олд Трафорд“, и во историскиот меч го победија Вест Хем со 2-0. Лорен Џејмс беше првата жена која дала гол на „Театарот на соништата“.
Женскиот тим на Јунајтед обично своите противници ги пречекува на „Ли спортс вилиџ“ стадионот кој има 12.000 седишта, а денеска Вест Хем го пречекаа на легендарниот стадион кој собира 74 илјади луѓе.
Погледнете го првиот гол на „Олд Трафорд“ постигнат од фудбалерка на Манчестер јунајтед:
https://twitter.com/i/status/1375805498117742596