Историјата предупредува: Не го отпишувајте Баерн против Интер

Минималната победа на Интер од 2-1 на гостувањето кај Баерн е убава предност пред реваншот, но никако не значи сигурен пласман на Нераѕурите во полуфиналето на Лигата на шампионите, дури и историјата го потврдува тоа.

Има еден интересен податок дека кога овие два клуба се среќавале во нокаут-фаза во елитното европско натпреварување, секогаш победувал тој што е гостин на реваншот.

Во 1989 година Баерн дома загуби со 2-0, но на реваншот во Милано победи со 3-1 и отиде понатаму. Во 2011 година Баварците победија на гости со 1-0, но на реваншот во Минхен, Интер победи со 3-2, третиот гол беше дело на Горан Пандев.

Ова треба да биде предупредување за Интер дека му претстојат тешки 90, можеби и 120 минути на свој терен.

- Оглас -

Најнови вести