Историјата се повтори, Рашфорд е крал на „Паркот на принцовите“ (Видео)

Манчестер јунајтед победи во Париз против ПСЖ со 2-1 во најинтересниот вечерашен меч од Лигата на шампионите. Јунак на средбата е Маркус Рашфорд со убав гол во 87-мата минута. Со ова продолжи традицијата кога меѓу себе играат овие два тима да победи тој што е гостин. Лани во март, Јунајтед исто така победи на „Паркот на принцовите“ и исто така Рашфорд постигна гол во финишот.

За ПСЖ, поразот е многу непријатен бидејќи традицијата покажала дека ниту еден тим не станал европски првак по пораз во прво коло.

Во останатите мечеви кои почнаа во 21 часот, постигнати беа следните резултати: Барселона – Ференцварош 5-1, Челзи – Севилја 0-0, Лацио – Борусија Дортмунд 3-1, Лајпциг – Башакшехир 2-0, Рен – Краснодар 1-1.

Ова е вредниот гол на Рашфорд:

https://twitter.com/i/status/1318655805776973827

- Оглас -

Најнови вести