Некогашниот четирикратен европски првак Ајакс, повторно во своите редови има фудбалер со презиме Ибрахимовиќ. Ако пред повеќе од 20 години таму царуваше Златан Ибрахимовиќ, денеска е комплетирано доаѓањето на Максимилијан Ибрахимовиќ, синот на легендарниот Златан.

Максимилијан Ибрахимовиќ ги помина лекарските прегледи и како позајмен играч ќе биде дел од тимот на Ајакс до крајот на оваа сезона.
Во младинскиот тим на Милан, Максимилијан Ибрахимовиќ сезонава одигра 18 натпревари и постигна пет голови во Серија Д. Сега ќе има шанси да се докаже во Ајакс, клубот во кој неговиот татко Златан во периодот од 2001 до 2004 година одигра 110 натпревари, а постигна 48 голови.

