Историјата вели дека Атлетико Мадрид ќе биде шампион на Шпанија

Атлетико Мадрид седум години чека повторно да биде шампион на Шпанија и желбата ќе им се исполни вечерва, ако не биде прекината една поизитивна традиција за клубот. Имено, Јорганџиите во сите осум сезони кога како првопласирани влегувале во последното коло, секогаш ја освојувале титулата.

За да биде првак, на Атлетико му треба победа на гостувањето кај Валјадолид, или Реал Мадрид да не победи против Вилјареал. Во Атлетико се експерти за освојување титули кога зависат сами од себе во последно коло, и од вкупно десетте титули, дури девет ги потврдиле во последната рунда.

Атлетико и Реал Мадрид само еднаш се бореле за титула во последното коло, во 1965/1966, и тогаш славеше Атлетико.

Кралевите во минатата сезона титулата си ја обезбедија со победа токму против Вилјареал, против кого играат и денеска. На Реал за одбрана на трофејот му треба победа, и Атлетико да не победи кај Валјадолид кој уште има шанси за опстанок. Но, Реал заостанува два бода и историјата е против него. Најтрофејниот шпански клуб никогаш не станал шампион кога во последното коло влегол како второпласиран.

- Оглас -

Најнови вести