32.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Историјата вели дека денес е како создаден ден Македонија да победи

Македонија денеска треба да ја победи Чешка за да обезбеди место во главната фаза од Европското ракометно првенство. Ако се гледа историјата и традицијата, денешниот датум, 12 јануари е како создаден за Македонија да се радува во ракометот.

Низ речиси тридецениската историја од македонската ракометна репрезентација, на 12 јануари имаме одиграно вкупно осум меча, а дури шест завршиле со радост за Македонија, а само два пати имаме загубено.

На овој датум, триумфално сме поминале против: Грција – Македонија 19:21, Македонија – Летонија 41:30, Турција – Македонија 33:36, Македонија – Бугарија 41:24, Македонија – Чиле 30:28 и Македонија – Тунис 34:30. Единствените два порази Македонија ги има во дуелите со Грција (пораз 25:24) и од Данска (29:21).

Нека продолжи традицијата, па и овој 12 јануари да го памтиме по една голема победа против еден од најголемите ривали на Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести