Историјата вели дека ПСЖ има шанса да игра финале, само треба да ја повтори 2020 година

Победата на Борусија Дортмунд против Пари Сен Жермен од 1-0 во првиот полуфинален дуел од фудбалската Лига на шампиони, значи минимална и значајна, но не и пресудна предност за германскиот тим.

Историјата покажува дека ПСЖ може да игра финале. Парижаните досега шест пати губеле со еден гол разлика на прв меч од еден елиминациски двомеч, а дури четири пати излегувале како победник. Последниот таков случај беше во осминафиналето во 2020 година и тоа токму против Борусија.

Борусија пет пати одела понатаму во седум случаи кога првиот меч дома го добивала со еден гол разлика. Тоа е добар процент, но еден од двата нокаути им беше против ПСЖ.

Пред четири години, на првата средба во Дортмунд беше 2-1 за Милионерите, Ерлинг Халанд даде два гола. Реваншот во Париз му припадна на ПСЖ со 2-0 со голови на Нејмар и Бернат, па францускиот тим отиде во следната фаза и таа сезона играше финале. На тој реванш во Париз, Емре Џан доби црвен картон, а турскиот Германец и сега е во Борусија и тоа како капитен, и сигурно се сеќава на непријатното искуство.

 

- Оглас -

Најнови вести