Ливерпул покажа зошто е еден од главните фаворити за титулата во Премиер лигата. Во мечот со кој стартуваше новата сезона, Црвените на својот „Енфилд Роуд“ со 4:1 го победија Норич. Уште во првите 40 минути, домаќините имаа убедлива предност од 4:0, а потоа само рутински ги одработија првите три бода во сезоната.
Оваа победа за Ливерпул има посебно значење. Ако се сметаат деветте триумфи од последните девет кола во претходната сезона и оваа од синоќа, избраниците на тренерот Јирген Клоп стигнаа до низа од двоцифрен број победи. За Ливерпул ова е петти пат во клупската историја да нареди 10 победи по ред. Ниту еден друг клуб, никогаш немал пет серии со по 10+ победи во елитното англиско друштво.
Ливерпул цели 30 години чека да се израдува на титула во првенството. Според прогнозите, и оваа сезона како и таа од лани, најголем ривал ќе имаат во Манчестер сити. Ѓрашаните денеска играат на гости против Вест хем. Дуелот се игра во 13:30 часот, а комплетната понуда за обложување, може да ја најдете на Sport Life.