Покрај победата на Ривер плате во финалето на Купот Либертадорес против Бока јуниорс, вечерва беше испишана и историја во снукерот. Легендарниот Рони О’Саливен стигна до седмата титула на шампионатот на Велика Британија и вкупно 19 Гренд слем. Такво постигнување нема ниту еден друг играч.
Во финалето на шампионатот на Велика Британија, О’Саливен со 10:6 го победи Марк Ален. Интересно е тоа што Ален добро го отвори мечот и поведе со 1:0, а потоа и со 2:1 во фремови. Сепак, потоа следи серија од 5:0 на Рони и фаворитот на пауза замина со предност од 6:2.
Потоа двајцата играчи освоија по два фрејма, за 8:4 на втората пауза, а потоа Ракетата стигна и до 9:4, па пред себе имаше шест меч-топки. О’Саливен ги загуби следните два фрејма, но ја искористи третата „меч-топка“ и стигна до нова титула.