Никола Јокиќ одигра партија која долго ќе се памети во победата на Денвер од 121-132 на гости кај Јута. Србинот го заврши мечот со 36 поени, 22 скока и 11 асистенции, што е негов 143-ти трипл-дабл во НБА-лигата, а воедно ја мина и границата од 15.000 поени.
Уште еден кошаркар на Денвер имаше трипл-дабл на овој меч, Расел Вестбрук, кој натпреварот го заврши со 16 поени и по 10 асистенции и скокови и за првпат двајцата дојдоа до ваков ефект во тандем. Трипл-дабл ефектот за Јокиќ против Јута беше 23-ти во 2024 година, но и четврти во кариерата со ефект 35+, 20+ и 10+, што го искачи на второто место на вечната листа.
MONSTER MONDAY FROM THE JOKER:
🃏 36 PTS
🃏 22 REB
🃏 11 AST
🃏 4 STLThis is Jokić’s 4th career game with 35+ PTS, 20+ REB & 10+ AST, passing Elgin Baylor for the second-most such games all-time! pic.twitter.com/UJh9W0YwsY
— NBA (@NBA) December 31, 2024
Резултати:
Шарлот – Чикаго 108-115 (98-98)
Вашингтон – Њујорк 106-126
Њу Орлеанс – ЛА клиперс 113-116
Јута – Денвер 121-132
Голден стејт – Кливленд 95-113
Портланд – Филаделфија 103-125
Сакраменто – Далас 110-100