ВАР системот вечерва од 21 часот ќе дебитира и во Лигата на шампионите, а ќе остане забележано дека дуелите меѓу Рома и Порто во Рим на „Олимпико“ и дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Пари Сен Жермен на „Олд Трафорд“ се првите на кои ќе биде користена модерната технологија.
Системот за прегледување на спорните ситуации веќе се користи во голем дел од европските првенства, а во Топ-5 шампионатите само во Премиерлигата во Англија се уште не е во функција.
Од вечерва ќе се применува и во Лигата на шампионите, што би требало да придонесе за помалку грешки и тоа почнувајќи од нокаут фазата, што го означува и почетокот на битката за вредната европска клупска круна.