Утре е клучен датум во историското барање на Ла Лига да може да се игра натпревар надвор од границите на Шпанија. Договорено е Виљареал во дуел од 17-тото коло на 20-ти декември да ја пречека Барселона на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, САД, а федерацијата утре на состанокот на Управниот одбор треба да даде „амин“.
Истотака и УЕФА мора да даде одобрување, и тоа најдоцна до 30-ти ноември. Откако УЕФА ќе го одобри натпреварот, барањето за меч во Мајами треба да се испрати до КОНКАКАФ и Американската фудбалска федерација. Ова е постапка за која ФИФА мора да биде целосно информирана, но овластување од светското управно фудбалско тело не е потребно ако постапката оди според прописите.
ФИФА неодамна одобри да се дозволи натпревар во кое било првенство на лигата да се игра надвор од земјата каде што се одржува првенството.
Шпанците сакаат тој историски меч, прв надвор од нивната територија, да биде последниот што ќе се игра во 2025 година. Потоа на стартот на 2026, ќе има шпански Суперкуп кој ќе се одржи во Саудиска Арабија.