Историска победа, Германија понижена од Пандев, Елмас и момците на Ангеловски! (Видео)

Македонија ја победи Германија со 2-1 и тоа на гостински терен, резултат кој како бомба одекнува низ фудбалска Европа. Горан Пандев и Елиф Елмас беа стрелци на историската победа против тим кој 20 години немаше загибено меч во квалификации за СП.

Македонската селекција првпат играше против Германија и успеа да го победи големиот фаворит (13-ти на ранг листата на ФИФА) и повеќекратниот европски и светски првак, кој настапи во речиси најсилен состав.

Судијата Карасев не досуди пенал за Македонија, но утката на Вернер и голот на Дијамантот Елмас сепак им пресудија на Германците за заслужена победа.

Ова е голот со кој Елмас ги кутна на колена Германците, и ја остави Македонија во трка за место на Мундијалот во Катар во 2022 година:

https://twitter.com/i/status/1377357913996541952

- Оглас -

Најнови вести