Историска победа на Брентфорд: Пчеличките фатија подобар залет од Лебедите и долетаа во Премиер лигата (видео)

Брентфорд е нов член на Премиер лигата по денешната победа над Свонси со 2-0 во финалето од плејофот во Чемпионшип. Пчеличките по 74 години пауза ќе играат во највисокиот ранг на англискиот фудбал, односно ќе им биде прво појавување откако се формира Премиер лигата.

Брентфорд многу подобро го отвори дуелот на „Вембли“ вреден 170 милиони фунти, па веќе во 10-тата минута дојде до предност преку реализираниот пенал на Тоуни. Набрзо потоа следуваше новиот гол на Брентфорд, овојпат прецизен беше Маркондес во 20-тата минута, што се испостави дека тоа ќе биде конечниот резултат во битката за пополнување на последното место во Премиер лигата.

Брентфорд во сезоната 2021/22 во елитата влегува заедно со Норвич и Ватфорд како двете најдобри екипи во Чемпионшип.

- Оглас -

Најнови вести