Историска промена во тенисот, воведено ново правило во интерес на играчите и публиката!

Почнувајќи од претстојниот Ролан Гарос, на гренслем-турнирите во иднина, во решавачкиот петти сет на некој меч во машка конкуренција или трети сет кај жените, нема да се игра до два гејма разлика, туку ако биде 6-6, ќе се игра тај-брејк до 10 поени.

Оваа историска промена е воведена со цел да нема веќе натпревари кои ќе траат предолго (рекордот е 11 часа, меч кој се играше три дена) и да биде поинтересно за публиката. На Отвореното првенство на Австралија ова правило веќе се применува од 2019 година, а на Вимблдон, тај-брејк со 7 поени има само ако биде 12-12 во гејмови во петтиот сет. На Ролан Гарос се играше класично до два гејма разлика, а на Отвореното првенство на САД, ако е 6-6 во петтиот сет, има класичен тај-брејк до 7 поени.

„Ролан Гарос“ почнува на 22 мај, а правилото ќе биде пробно една година, што значи ќе се примени на сите четири гренслема по еднаш. Ако се покаже како позитивно, ќе важи и потоа.

- Оглас -

Најнови вести