Арсими во Битола го победи Пелистер со 4-0 и тоа е историска прва победа за клубот од Чегране во прволигашката конкуренција.
Сите три гола паднаа во последната третина од мечот. Бесагиќ погоди со глава за 1-0, вториот гол прво беше поништен поради наводен офсајд, а потоа по долго прегледување во ВАР собата, погодокот на Таипи во 82-ра минута беше признат. Ова ги скрши битолчани, па брзо после тоа Пелистер прими и трети гол, стрелец беше Шефити, а во финишот Игнатов стави точка.
Сега Пелистер има 6, а Арсими има 5 бодови. Арсими е единствениот гостин кој победи во ова петто коло, на сите други мечеви победуваа домашните.