Историска размена во НБА: Кевин Дурент и Клинт Капела се преселија во Хјустон рокетс

Во најголемата размена во историјата на НБА по број на вклучени екипи, дури седум клуба учествуваа во договорот со кој ѕвездата Кевин Дурент го напушти Феникс и се пресели во редовите на Хјустон рокетс. Покрај него, во Тексас се сели и искусниот центар Клинт Капела.

Освен Хјустон, во големата размена се вклучени и Феникс санс, Атланта хоукс, Бруклин нетс, Голден Стејт вориорс, Лос Анџелес лејкерс и Минесота тимбервулвс.

Со овој трансфер, заврши двегодишната авантура на Дурент во Феникс, каде пристигна во 2023 година со надеж дека ќе го донесе шампионскиот прстен. Сепак, Санс не успеаја да изградат тим околу него и Девин Букер, што резултираше со разочарувачки резултати во изминатите две сезони и со промена на тренерот.

Хјустон добива искусен и докажан кошаркар кој во минатата сезона постигнуваше просечно 26,6 поени по натпревар, со одлични проценти на шут. Иако има 36 години, Дурент и понатаму е играч со ол-стар квалитет, а неговото искуство ќе биде од огромна корист за амбициозниот тим на Рокетс.

Покрај Дурент и Капела, Феникс доби неколку млади таленти и пикови на драфтот, додека останатите екипи вклучени во размената добија различни играчи, финансиски компензации и избори во следните драфтови.

Оваа размена е уште еден во низата големи потези кои го „потресуваат“ Западот во пресрет на новата сезона, откако претходно Лука Дончиќ замина во Лејкерс, Де’Арон Фокс потпиша со Спарс, а Џими Батлер се приклучи на Вориорс.

НБА лигата добива нов облик, а новата сезона ветува вистински спектакл.

- Оглас -

Најнови вести