Манчестер сити четврта сезона по ред ја освои титулата во англиската Премиер лига и ова е нов рекорд, ниту еден друг тим не успеал четири години едноподруго да го крене шампионскиот пехар.
Денеска Сити го победи Вест Хем со 3-1 и ја освои титулата во два бода повеќе од Арсенал кој одвај го победи Евертон со 2-1.
Надежите на Топчиите беа уништени уште во втората минута кога Фил Фоден погоди за 1-0, а Родри даде гол за 3-1 во 59-та за радост во Манчестер и тага во Лондон.
Денешното коло го одбележа и простувањето на Јирген Клоп од Ливерпул. Германскиот тренер си оди после девет години на клупата на Црвените, а неговиот тим го испрати со победа од 2-0 против Вулверхемптон.