Арсенал по победата од 6-0 на гостувањето кај Шефилд јунајтед вечерва, пак е само на два бода негатива зад лидерот Ливерпул на премиерлигашката табела и потврди дека е во неверојатна голгетерска форма во календарската 2024 година.
Топчиите поставија рекорд бидејќи на три гостувања по ред во Премиер лигата даваат пет или повеќе голови. На лигашките мечеви во 2024 година, Арсенал има седум победи и гол-разлика 31-3. Вечерва шесте гола за Арсенал ги постигнаа шестмина различни фудбалери.
Од друга страна, Шефилд јунајтед е прв тим во историјата кој примил пет или повеќе гола на четири домашни средби по ред во сите натпреварувања, а веќе по 25 минути имаа негатива 0-4 и може да бидат и задоволни што примија половина дузина голови бидејќи катастрофата можеше да биде и невидена во англиската Премиер лига, каде што рекордна победа е 9-0.
Шефилд сезонава има примено 72 гола, му остануваат 11 кола „да се обиде“ да постави негативен рекорд и да стане вториот во историјата на Премиер лигата со 100 примени гола во една сезона.
White Goal#SHUARS
— Martin Ødegaard (@odegaard98M) March 4, 2024